Одложено судењето за „Пуч“ - Заев на средба со италијанскиот амбасадор

 

Судењето за случајот Пуч денеска повторно е одложено откако лидерот на СДСМ кој е четврто обвинет не се појави пред Судот.
Како што јавува репортерот на Press24 од скопскиот Кривичен суд, адвокатите велат дека Заев не се појавил на судењето бидејќи бил на средба со италијанскиот амбасадор во земјава.
Тие посочиле дека очекуваат предметот да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева.  Откако предметот ќе биде преземен тие најавија дека Заев ќе се појавува на секое судење.

Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски денеска беа донесени од затвор со  полициско обезбедување, а на судењето беа и Соња Верушевска, Бранко Палифоров.

Обвинетите се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.

Следното рочиште судот го закажа за 22 октомври.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега