ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица: Заев организира луѓе да протестираат против инвестиција од над милион евра

Зоран Заев е прв градоначалник во светот кој градоначалничката функција ја сфаќа како можност за делење на тендери и парцели за лично богатење, велат од ВМО-ДПМНЕ ОК Струмица.

-Денес Зоран Заев оствари уште едно достигнување, се разбора повторно негативно со кое повторно е единствен градоначалник во светот. Денес во Струмица Зоран Заев организираше луѓе да протестираат поради тоа што Владата гради објект во Струмица. Денес Зоран Заев организираше луѓе да протестираат против инвестиција од над милион евра. Замислете до каде оди паметот на овој човек, да тера луѓе да протестираат бидејќи Владата гради објект кој е во интерес на Струмица и струмичани, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица.

По ова што го видовме денес, подвлекуваат тие, се поставува прашањето што наредно ќе направи Заев? Има ли подолно нешто од ова? Има ли крај на овие лудории на Заев?

Додека Владата гради Заев лаже. Додека Владата решава проблеми на граѓаните, Заев прави опструкции и шири омраза. Додека Владата е во постојан контакт со граѓаните на Струмица, Заев бега од граѓаните.

-Објектот од над милион евра кој Владата го гради е објект кој е од големо значење за граѓаните и компаниите од Струмица. Оваа владина инвестиција значи олеснување на услугите за граѓаните но и заживување на тој дел од градот и тоа е поздравено од сите реални луѓе. Единствено Заев и неговите најблиски соработници кои се скарани со реалноста не сакаат  да ја признаат корисноста од овој објект. Доколку Заев беше нормален градоначалник наместо да организираше вакви реакции ќе излезеше и ќе се заблагодареше на Владата за оваа инвестиција. Но Заев не е таков и поради тоа овој човек треба да се повлече од градоначалничката функција и да остави Струмица да се развива, заклучуваат тие.

 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега