Честитка од Вељаноски по повод еврејската нова година

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски лично и во име на пратениците упати честитка до Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзината претседателка Берта Романо-Николиќ по повод еврејската Нова година - Рош Хашана.

- Нашата држава Република Македонија и ние како граѓани посветено работиме на подобрување и развој на сите заедници, вклучувајќи ја и еврејската заедница. Вредностите кои ги негува еврејската заедница претставуваат значаен дел во нашите заеднички заложби за зачувувањето на основните вредности. Тие вредности подразбираат негување на меѓучовечките односи, толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија. Исто така, слободно можам да истакнам дека голем е вашиот придонес во оформувањето и создавањето на современата македонска држава, пишува во честитката на Вељаноски, кој на припадниците на еврејската заедница им посакува поуспешна Нова година, исполнета со мир, добросостојба и просперитет.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега