Крмов: Левица е единствена опција во левиот блок

Пасокизацијата т.е. распаѓањето на СДСМ по примерот на Пасок од Грција е процес којшто го предвиде единствено Левица кога никој не веруваше дека тоа може да се случи.
 
- Тогаш луѓе ни се смееја, сега гледате дека во овие општествени економско - социјални услови тој процес ни се случува пред очи - истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов, за ТВ „Стар“ по однос на пасокизацијата на СДСМ.
 
Пратеникот Борислав Крмов го повика гласачкото тело на веќе распаднатата СДСМ да се приклучи кон Левица. 
 
- Освен Левица, видовте дека и еден друг политички субјект, т.е. ЗНАМ на Максим Димитриевски, кој повика до членството на СДСМ да им се приклучи. Но, ние цениме дека граѓаните од левиот политички спектар нема да гласаат за привезок на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека им останува само Левица како опција - додаде пратеникот Крмов во изјавата за ТВ ,,Стар".
 
Според Крмов, Левица е единствениот политички субјект којшто има сила и планира да ù се спротивстави на целосната вмроизација на оваа држава, којашто ќе следи по локалните избори.
05.07.2024 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа