Од понеделник се враќа летото а дотогаш... - викенд временска

 Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб долж Повардарието умерен северен и северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од  12 до 19, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

За време на викендот максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со постепен пораст на дневните температури. Особено топло се очекува кон средината на наредната седмица кога наместа дневните температури ќе се искачат и над 30 Целзиусови степени.

УВ-индексот во наредните денови ќе има вредност 6.

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега