ДУИ повикува надлежните да го расветлат убиството во Куманово
Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево изрази жалење за вооружениот инцидент што се случи денеска во Куманово и ги повика надлежните органи да го расветлат докрај овој случај.
Истовремено партијата изрази сочувство до членовите на семејствата кои ги загубија животите во овој трагичен настан, а на овредените им посакува побрзо закрепнување.
Во вооружен инцидент во Куманово денеска едно лице загина, а двајца се повредени. Лицата биле членови на ДУИ.
Оцени ја веста
23.07.2015 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа