Трогателна приказна: Еве што стои зад тортата со ликот на Елса од „Frozen“
Зад најпопуларната торта на интернет, која важи за тотална утка, стои трогателна приказна на жената која ја направи.
Лиса Рандолф-Гант е жената која ја направи оваа торта со ликот на Елса од популарниот анимиран филм „Frozen“, за болно девојче.
Зад сите смешни коментари по социјалните мрежи, стои емотивно објаснување.
„Да знам дека тортата е вистински хаос... но еве ја мојата приказна... Само што ја загубив мојата баба, поминав цел ден тешејќи ја мајка ми, а кога се вратив на работа имав само два часа да ја направам тортата и да ја испорачам“, напиша Лиса на Facebook и додаде дека тој ден многу врнело, па фотографијата е сликана откако таа се обидела со крпа да ја поправи тортата, бидејќи се распаднала од дождот.
Освен тоа, во постот Лиса открива дека воопшто не и е важно што цел свет се исмева со тортата, бидејќи на нејзината сестра и дијагностицирале рак.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа