Страшна сообраќајка во Кумановско - возачот итно пренесен на Ургентен

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 14 часот и 15 минути на локалниот пат помеѓу кумановските села Макреш и Бајловце. Повредените се надвор од животна опасност, но се задржани за понатамошно лекување во општа болница во Куманово.
Сообраќајната несреќа, според информациите од кумановската полиција, се случила при директен судир на два автомобила и двата „форд ескорт“. 39-годишниот З.Д со „форд ескорт„ кумановски регистарски таблички се движел по локалниот пат Војник- Бајловце, по што изгубил контрола, преминал на левата страна и директно се судрил со другиот „форд ескорт“ со штипски регистарски таблички, кој бил управуван од 26 годишниот возач од Штип со иницијали Д.Д.
Лекарите од кумановската болница потврдија дека возачот на автомобилот со кумановски таблички се здобил со скршеница на десна потколеница, а по укажаната помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, додека негов сопатник, возачот од Штип и двајца негови сопатници се здобиле со телесни повреди и се лекувани во кумановската болница.
Оцени ја веста
06.07.2015 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа