Детенце почина на лице место на скопските улици
Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 28 сообраќајни незгоди.
Во петокот извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда и една е со последица тешка телесна повреда која што се случила во 15 часот на улицата „Мостарска“ во која што со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, четири со последица телесна повреда и една со последица тешка телесна повреда која што се случила во 22 часот на крстосницата од улицата „Лондонска“ и улицата „Прашка“ во која што со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.
Во неделата пак, се случиле седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда.
Се случила и една незгода во 11 часот и 30 минути на локалниот пат од село Свиларе за село Рашче во која едно лице, дете на возраст од три години го загуби животот. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на село Рашче и товарно возило „форд транзит“, управувано од жител на село Копаница. На лице место од повредите подлегнал сопатникот, додека дете на возраст од пет години и возачот од возилото се здобиле со телесни повреди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа