Го спржила струја на бандера во Маврово
Работник кој вршел замена на излолатори на далновод во Маврови Анови се здобил со изгореници од прв и втор степен откако доживеал струен удар.
Како што информира СВР Тетово, станува збор за Д.К. од скопско Кадино. Тој е згрижен на скопските клиники и е надвор од животна опасност.
Според истрагата, инцидентот се случил околу 13.30 часот. Д.К., анагажиран преку фирмата „Електро-Комерц“ од Скопје, бил качен на столб од далновод кој минува покрај браната на Мавровското Езеро на висина од 12 метри. Од се уште не утврдени причини доживеал струен удар и притоа изгубил свест, но сигурносниот појас не дозволил пад. Четворицата колеги го симнале и брзо го пренеле во гостиварската болница. Поради сериозноста на повредите и изгорениците, Д.К. е пренесен на скопските клиники.
Непосредно по пријавата, увид на местото извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа