Со клоци и боксови претепан полицаец на скопскиот аеродром

 

Вчера околу 05.45 часот пред објектот на Аеродром „Александар Велики“ - Скопје,  полициски службеник бил физички нападнат од М.М.(23) и неговиот 15 годишен брат, двајцата од Скопје, при што го удриле со тупаници и клоци во пределот на телото. Од страна на полициски службеници од полициската станица  за граничен премин „Аеродром Александар Велики“, М.М. и  малолетникот биле приведени во полициската станица и во присуство на нивниот татко А.М.(51), обавен бил разговор со истите. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега