Три години затвор за Владо Бучковски

 

Три години затвор доби екс премиерот Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“. Ваква одлука днеска донесе скопскиот Кривичен суд. Како што јавува репортерот на Press24 Бучковски за медиумите изјавил дека пресуата е скандалозна. 
Претходно, во 2008 година, Бучковски за истото дело беше осуден на 3,5 години затвор.
Според обвиниението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови Т55 и го оштетиле буџетот за над 2 милиони евра.
Методија Стамболиски доби 3 години затвор, Ацо Ѓурчевски 2 години, Митре Петковски 3 години затвор, Нелко Менкиновски 2 години.

најчитано сега