ФОТО: Со автомобил влета во ресторан на улицата Илинденска
Страшна несреќа која можела да заврши трагично се случила во Тетово. Синоќа 24-годишниот Џ.И. од Мала Речица, со својот автомобил марка БМВ влетал во ресторанот Молина на улицата Илинденска.
Несреќата се случила кога Џ.И. поради брзо возење, изгубил контрола над БМВ-то, по што удрил во три паркирани возила, две “Голф“ и „Шевролет“, по што влетал во ресторанот, а при тоа и тој и возачот на Шевролетот, 31-годишниот “Ш.Х. од Шипковица кој во моментот на несреќата бил во автомобилот се здобиле со повреди и биле итно пренесени во болница.
Штетата се проценува на повеќе од 300.000 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа