Семејна драма во Визбегово
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишниот Н.Т. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “Телесна повреда при вршење семејно насилство“. Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Кривичното дело пријавениот го извршил во два наврати на 16 и 17 овој месец во неговиот семеен дом во селото Визбегово-Скопје, под дејство на алкохол, со употреба на физичка сила удирајќи ја неговата мајка по главата и телото, упатувајќи и притоа навредливи и погрдни зборови.
Оцени ја веста
21.06.2015 - 13:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа