Сакате секс на плажа? - еве каде ќе си поминете неказнето

 

Порталот за оценување хотели holidaycheck.com објави листа со казни за оние кои ќе бидат фатени на дело како водат љубов на јавно место.

Најлошо е во Романија. Ако во оваа земја ве фатат како водите љубов на јавно место, а притоа станува збор за плажа, максималната казна е дури седум години затвор.

Ако мислите дека во Хрватска и Шпанија сè им е дозволено на туристите, се лажете – во обете земји сексот на плажа е забранет. Во Хрватска можете да добиете до 30 дена затвор или 150 евра. На Мајорка казните се движат и до 1000 евра.

За секој недоличен чин во јавноста, во што спаѓаат бакнувањето, прегрнувањето и сексот, во Дубаи е предвидена затворска казна до три месеци, а потоа „грешниците“ се депортираат од земјата.

Скандинавците се најтолерантни во љубовните авантури на јавно место и најнаклонети кон двојките што сакаат да водат љубов на свеж воздух. Во Шведска за ваков вид прекршоци е предвидена казна од 50 евра, а во Норвешка само љубезна опомена.

Кога станува збор за топлес сончање, на грчките плажи се толерира, додека во Шпанија топлесот е сосем нормална појава. Иако се строги кога станува збор за сексот на јавно место, Шпанците не ги казнуваат девојките кои сакаат да си ги исончаат градите.

Во Италија ситуацијата се разликува од место до место, а во принцип топлесот се толерира на туристичките острови, додека на копното односот е малку поконзервативен.

Во Хрватска не само што е дозволен топлесот, туку и нудизмот, и тоа на многу плажи. Истото важи и за Данска и Франција.

Во Турција топлесот е забранет и тоа не само на јавните плажи туку и во хотелите, освен ако управата на хотелот не издаде посебна дозвола.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа