Нападната водителката на Икс-Фактор

 

Николина Пишек доживеала непријатност во Ташмајдански парк во Белград. Убавата Николина која сега ја гледаме во улога на водителка на Икс-Фактор, била влечена за коса од засега непозната жена.

Додека мојата дадилка ја буткаше количката во која беше мојата ќерка Уна Софија, а јас го шетав моето куче Артур, пред нас се појавија големи кучиња, а нивната сопственичка не стори ништо да ги сопре иако едниот од нив скокаше по количката. Морав да реагирам. Почнавме да се расправаме, но поради тоа што не одеше во никаква насока расправијата се повлеков и си заминав. Почна да ме влече за косата, ме скубеше и ме пцуеше. Секако дека и одговорив. Врескаше дека ме препозна, дека знае која сум, додека јас во страв бегав од паркот. Се исплашив за себе, за бебето и кучето“, раскажала водителката.

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега