Двајца малолетници избодени во автобус
Двајца малолетници на возраст од 17 години, вчера, се повредени во автобус во Нови Сад, Србија. Помеѓу младите момчиња и непознат маж настанала кавга, а вербалната расправија се претвори во физички напад. Мажот извадил нож и ги избоде двајцата. Едниот е погоден во стомакот, а другиот во раката.
Момчињата се пренесени во болница, а констатирани им се тешки телесни повреди, но за среќа не се во животна опасност. По напаѓачот сеуште се трага.
Оцени ја веста
01.06.2015 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа