Страшна сообраќајка во Тетово: Возачот итно пренесен на скопските Клиники
Ноќеска, десетина минути по полноќ, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „166“ во Тетово, попозната како Брвеничка кривина, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управуван од 27-годишниот Ј.С. од Боговиње и „Ауди“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 31-годишниот тетовец А.И.
Во несреќата, односно судирот, возачот на „Мерцедесот“ задобил тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники. Сопатникот од ова возило Ш.А.( 20 ) од Голема Речица и возачот на „Аудито“ пренесени и задржани се во тетовската болница.
Во несреќата, бил оштетен метален столб (јарбол) кој паднал врз паркирано товарно возило „Фолсфаген“ и уште едно патничко возило „БМВ“, кое било паркирано во непосредна близина.
Првично, причина е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 500 илјади денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа