Трагедија: 4 годишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајката кај Велес

Две лица меѓу кои едно 4 годишно дете го загубиле животот во страшната сообраќајна несреќа која денеска нешто по 17 часот се случила на патот Градско – Велес, дознава Press24 од неофицијални извори.

Според информациите, возач од се уште неутврдени причини, загубил контрола врз автомобилот и удрил во товарно возило кое било застанато во последната коловозна лента.

Од ударот на лице место починала неговата 34 годишна сопруга и нивниот 4 годишен сун кој седел на задната клупа во автомобилот.

Поради тешката сообраќајна несреќа патот Градско – Велес е во прекин а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега