Филмска бркотница и пукање на патот Гевгелија-Скопје кај тунелот Демир Капија

 

Околу 16:30 ч на патниот правец Гевгелија-Скопје, пред тунелот Демир Капија, полицијата запрела две возила (едното БМВ, а другото непозната марка) со цел да биде извршена контрола.

Кога полицаецот се обидел да го легитимира возачот на “БМВ-то“, наишло друго возило “Ауди“ со регистрација СК-0307-АЈ, од кое излегле неколку илегални мигранти. Возачот се обидел со возилото да го прегази полицаецот.

Кога службеното лице паѓало настрана со цел да го избегне ударот, од пушката бил истрелан еден куршум, по што “Аудито“ се дало во бегство. Патролата, веднаш се упатила по возилот, по што истото било пронајдено кај селото Караслари-Велес, но без возачот.

Во возилото биле пронајдени траги од крв, а во вратата од возилото бил пронајден еден заглавен проектил. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега