Скопјани извршиле тешка кражба во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава, против В.А (29) и С.Е (19) и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истите заедно со уште едно засега непознато лице сториле кривично дело “тешка кражба” во обид.

Имено на ден 17.05.2015 година, по „анонимно јавување од граѓанин на телефонскиот број 192“, веднаш од страна на полициски службеници при СВР-Струмица се превземени мерки за пронаоѓање и приведување на сторителите на кривично дело „тешка кражба“ од стан во Струмица, чиј сопственик се наоѓал на привремена работа во странство, со што е спречено вршењето на кривичното дело.

Откако пријавените ги забележале полициските службеници се обиделе да избегаат преку прозорецот и терасата од станот.

Откако им била дадена наредба да застанат, тие се дале во бегство, но по кратко време истите се пронајдени и приведени. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега