Делегација од МВР на конференција во Австрија во рамки на Салцбуршкиот форум

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот Земри Ќамили, вчера и денеска во Санкт Пелтен, Австрија, учествуваше на министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот Форум.

На Форумот, информираат од МВР, беа отворени актуелни теми за странски терористички платеници, за борбата против компјутерскиот криминал и компјутерска безбедност, како и за илегална миграција и криумчарење лица.

Посетата на Австрија воедно беше искористена и за учество на 13-от Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа (КПСЈИЕ), на кој се разгледуваа новите развојни линии во процесот на спроведување на конвенцијата, како и прашања од заеднички интерес и приоритет на земјите членки.

Заменик министерот Ќамили на состанокот ги презентирше приоритетите на Република Македонија за копретседателството со КПСЈИЕ, заедно со Црна Гора и Молдавија, што почнува на 1 јули годинава и ќе трае шест месеци. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега