Деспотовски на средба со младите социјалдемократи: СДММ е најсилната младина

Зголемено учество на младите во партиските тела, директна вклученост во носењето одлуки и креирање политики, особено оние кои ги засегаат младите во земјата како и отворање на можности за едукација на младите социјалдемократи и финансиска поддршка се клучните елементи во програмата Нов почеток, Нов СДСМ за која на денешната средба разговараа Јован Деспотовски, кандидат за претседател на партијата и првите луѓе на СДММ.

-СДММ е најсилната младина и никогаш не била младина која се занимавала само со лепење плакати туку критична и конструктивна движечка сила во партијата. Ме радува тоа што имавме одлична средба на која ги усогласивме заедничките точки на соработка во иднина, рече Деспотовски.

-На младите луѓе ќе им пристапиме со искрена и чесна понуда, а тоа е да бидат составен дел од промените проектите што ќе се случуваат во општеството.
Младите мора да го добијат вистинското место кое и им припаѓа во новиот СДСМ. Една од главните точки на програмата Нов почеток, Нов СДСМ е воведување континуираната едукација на членството, а особено на младите во соработка со домашните и меѓународни организации. Политичката едукација на членовите е значајна и како инкубатор за подготовка на кадар за идни носители на јавни функции, но и како придонес кон развојот на критичкото и креативното размислување во општеството. Политичките организации и СДСМ не смеат повеќе да се гледаат низ интересот за вработување или други индивидуални потреби и интереси. СДСМ треба да биде платформа преку која луѓето ќе учат и ќе се надградуваат и ќе го менуваат светот околу себе на подобро, порача Деспотовски.

-Темата млади ми е особено важна бидејќи и јас мојот политички пат почнав на 18 години во социјалдемократската младина. Искуството што сме го стекнале преку учество на различни политички академии, тренинзи, преку соработка и следење на изборни активности кај сестрински партии ќе го интензивираме во мојот четиригодишен мандат. Охрабрува тоа што на средбите кои ги имаме низ целата земја има се повеќе млади луѓе со искрена енергија.

Деспотовски додаде дека сите предлози кои произлегоа од средбата поврзани меѓу другото начинот на предлагање на млади во органите на СДСМ, финансиска независност на СДММ како и основање на Политичка академија ќе бидат вклучени во Програмата, односно во новиот Статут на партијата.

Деспотовски додаде дека Новиот СДСМ целосно ги почитува приоритетите на младите утврдени и со Младинскиот манифест на СДММ и дава поддршка на нивната реализација. 

26.06.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега