Мицкоски на средба со Агелер: Поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, рече Мицкоски.

„Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес“, истакна Мицкоски.

26.06.2024 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега