Тешка сообраќајка: Млади лица од Крушево тешко повредени


Вчера  околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред с.Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. 

28.09.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега