Спасов: Продожува проектот за бањско-климатска рекреација на пензионерите

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети пензионерите кои ја користат услугата бањско-климатска рекреација во здравствена установа-природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија.

- Задоволство е кога ќе се видат на едно место  толку среќни и насмеани луѓе. Токму тоа  дава потик да се продолжи со реализација на проектите коишто се насочени кон подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Еден од тие проекти е токму овој проект за бесплатна бањско-климатска рекреација за корисниците на пензија во Република Македонија, рече министерот Спасов.

Додаде дека овој проект ќе продолжи да се реализира годинава за кога, како што рече, е планирано оваа бесплатна услуга да ја искористат 5.500 пензионери.

- Проектот опфаќа бесплатен превоз и шест полни пансиони со бањска рекреација и здравствени прегледи од медицински лица. Вкупно средства кои се обезбедени за реализација на овој проект се во износ од 33 милиони денари од Буџетот на Владата Република Македонија. Исто така и 3 милиони денари за плаќање на превозот, односно рефундирање на превозот за корисниците на пензија коишто се корисници на оваа бесплатна услуга, рече Спасов.

За оваа година, додаде министерот за труд и социјална политика, приоритет за користењето на оваа услуга бесплатна бањско-климатска рекреација предност имаат корисници на пониски пензии коишто подолго време се со пензија, корисниците на инвалидски пензии со над 80 проценти инвалидност, како и корисниците на пензија коишто во минатото биле рудари или работеле во подземен ископ  со цел, како што рече, на оваа категорија на граѓани да им се даде предност во користењето на оваа бесплатна услуга.

- Овој проект продолжува да се реализира и понатаму до крајот на месец мај, а потоа продолжува со реализација во септември и октомври. Меѓутоа исто така како Влада на Република Македонија планираме да го продолжиме во следните неколку години, истакна Спасов.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски, кој заедно со градоначалникот на Гевгелија  Иван Франгов го придружуваше министерот Спасов во посетата, потенцираше дека овој проект е од големо значење за возрасните лица, за нивното здравје и социјализација.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега