Даштевски: Доказите за обвинетите во „Пуч“ се јасни

Доцент доктор Александар Даштевски од универзитетот ЕвроБалкан во Дневник Плус на Канал 5 истакна дека правна разрешница за случајот „Пуч“ почна со тоа што е објавен обвинителниот акт во четвртокот.

Даштевски вели дека сега можеме да се надеваме дека со тоа ќе започне и целиот судски процес.

-Во четвртокот се покрена обвинителен акт, против обвинетите во случајoт „Пуч“ и веќе јасни се доказите, аргументите и фактите. Состојбите се многу појасни од пред три месеци кога не знаевме што ќе бидат бомбите, кои прислушувал, дали навистина постои нешто опипливо или не. Веќе сега имаме конкретни кривични дела за кои сега се обвинети досега осомничените и имаме една пресуда во која е образложено на каковначин се вршело прислушувањето – изјави Даштевски.

Разговорот погледнете го во видеото во продолжение...

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега