Првата група туристи од Бенелукс ќе ужива на Охридската ривиера

Со чартер-лет од Амстердам денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да пристигне првата група туристи од државите на Бенелукс кои летниот одмор ќе го минат на Охридската ривиера.

Станува збор за туристи кои ќе летуваат тука преку аранжманите што ги нуди тур-операторот „Корендон“, заедно со нивниот македонски партнер „Фибула Травел“.

Според најавите на домашните ин-каминг агенции, на 10 мај во Охрид ќе треба да пристигне и првата група туристи од Бенелукс преку аранжманите на туроператорот „ТУИ Аркетравел“.

Инаку, податоците на туроператорите за летувањето во сезоната 2015 укажуваат на  зголемување на интересот за летувањата во Македонија, со зголемена продажба на аранжманите за Охрид за некаде 30 проценти, споредено со истиот период минатата година.

Предвидено е оваа сезона двата тур-оператори да оперираат со по три лартер-лета седмично, но со отворена можност да се воведат и четврти летови на двата тур-оператори доколку се задржи високиот интерес на туристите од тој дел на Европа за летување во Македонија.

Последните туристи од земјите на Бенелукс ќе заминат од Македонија некаде кон средината на октомври. Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ“ се дека во текот на летната сезона 2015 на Охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат некаде околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и Луксембург. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега