Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат законодавно-правната и комисиите за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за финансирање и буџет. 

Пред Законодавно-правната комисија се измените и дополнувањата на законите за лековите и медицинските помагала и за Државниот инспекторат за земјоделство во второ читање, измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки во второ читање, Предлог-законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во второ читање, Предлог-законот за царински мерки за спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост во прво читање, како и Утврдувањето пречистен текст на Законот за работните односи.

Членовите на Комисијата ќе разгледаат и две барања за давање автентични толкувања, а ќе расправаат и по Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за царински мерки за спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост во прво читање, додека Комисијата за земјоделство ќе го разгледа Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје, 
Предлог-законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, 

Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, сите во второ читање, како и за Предлог-законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост во прво читање.  

Пред Комисијата се е и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2014 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Програмата за работа на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, како и Предлог-одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега