Героски: Очекував повеќе од Црвенковски

Главниот стратег на опозицијата Бранко Героски со експлицитен став по гостувањето на Бранко Црвенковски во емисијата „Топ тема“ на Телма. Героски вели дека очекувал повеќе од Црвенковски.

Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ се разочарани од вечерашниот настап на Бранко Црвенковски.

-Го ценам учинокот на Црвенковски и ја поздравувам неговата одлука да се огласи по молкот, но од него очекував малку повеќе, напиша Героски.

Наспроти очекувањата на опозициските поддржувачи, настапот на Црвенковски беше блед, без поенти и не остави никаков впечаток. Црвенковски ги повторуваше истите тези кои му беа главен речник уште пред да се повлече од претседателската партиска фотелја.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега