Почина познатиот македонски професор

Денеска по кратко боледување почина професор д-р Југослав Зибероски. Тој беше ректор на МИТ универзитетот од 2012 година, а во 70-тите академската кариера ја започна на Земјоделскиот факултет во Скопје, каде докторирал по предметот микробиологија.

Професор Зибероски објавил 489 научни трудови и 32 стручни книги за потребите на студентите, учениците од средното образование, стручни книги за земјоделци, едукативни брошури и др. 
 
Бил на повеќе раководни функции, како директор во рамките на Земјоделскиот факултет, потоа претседател на совет во СИЗ за научни дејности во Република Македонија, претседател на Совет на општина Аеродром, градоначалник на општина Аеродром и други функции.
 
Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Бутел во периодот од 13.30 до 14.30 часот.
 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега