Блед и чуден настап на Црвенковски

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски вечерва гостуваше во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Помпезната најава за емисијата испадна повеќе од неоснована бидејќи настапот на Црвенковски беше блед, без поенти и не остави никаков впечаток.

Имено, долгогодишниот лидер на партијата која речиси една деценија е во опозиција, ги повторуваше истите тези кои му беа главен речник уште пред да се повлече од претседателската партиска фотелја.

Во текот на целото интервју, Црвенковски си го исполнуваше своето его и својата суета неуспевајќи да сокрие дека тоа е човекот чие време во македонската политика одамна поминало и дека е политичарот кој граѓаните не го одобруваат.

Ако имаше цел да испрати порака до опозициското членство, Црвенковски јасно им стави до знаење дека тој е газда во СДСМ и дека таму се чувствува како во сопствена куќа која лично ја градел. Со тоа Црвенковски целосно го заборави партиското членство.

За него СДСМ е објект во кој се чувствува како газда. Дури посочи и дека Бранковисти се актуелните партиски челници.

-Јас ви тврдам дека ако е критериумот кој од тие луѓе најмногу напредувал во времето кога јас сум бил на чело на СДСМ, дека најголемите Бранковисти во СДСМ се Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Дека јас тоа што го имам направено и таа поддршка што сум им ја дал и тоа што направиле од СДММ, младината на партијата, до лидерските позиции, никој друг од партијата тоа го нема добиено, рече Црвенковски.

Екс-лидерот на опозицијата во вечерашното интервју говореше за некои минати времиња на СДСМ. Тој се фалеше со своите успеси додека ја предводел партијата, заборавајќи го големиот број на порази кои ги претрпе на избори од народот. Црвенковски исто така заборави дека над половина милион граѓани ја дадоа својата поддршка за оваа Влада.

За Црвенковски овој податок очигледно е небитен и со тоа ги потцени македонските граѓани кои одлучија на овој политичар никогаш повеќе да не му дадат мандат.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега