„Најголемите Бранковисти во СДСМ се Заев и Шекеринска“

Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, вечерва гостуваше на Телма.

Во врска со поделбите во партијата и нарекувањето на одредени луѓе како „Бранковисти“, Црвенковски истакна дека во таа група влегуваат Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

-Јас ви тврдам дека ако е критериумот кој од тие луѓе најмногу напредувал во времето кога јас сум бил на чело на СДСМ, дека најголемите Бранковисти во СДСМ се Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Дека јас тоа што го имам направено и таа поддршка што сум им ја дал и тоа што направиле од СДММ, младината на партијата, до лидерските позиции, никој друг од партијата тоа го нема добиено, рече Црвенковски.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега