Според Црвенковски, ММФ и Светска банка лажат за Македонија?!

Бранко Црвенковски во своето гостување на ТВ Телма истакна дека статистичките податоци со кои се фалела власта на економски план биле лажни.

Она што Црвенковски избегна да го каже е дека тие податоци не се креирани од власта, туку од најрелевантните светски институции.

-Имаме длабока економско-финансиска криза. Тоа што власта со својата пропаганда и со лажните статистички податоци се обидува да создаде привид дека сме успешна економска земја, едноставно не држи вода, рече Црвенковски.

Податоците за одличниот економски раст на земјава се направени од Еуростат. Според нивните анализи, растот на македонската економија е поголем од речиси сите земји од Европската Унија. Понатаму, податоците од Дуинг бизнис се анализи на Светската Банка.

Одлични резултати за економскиот просперитет на Македонија и за стабилната економија доаѓаат и од ММФ. 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега