Црвенковски со апсурдни обвинувања за криминалната приватизација

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски избегна одговор на прашањата за транзицијата и криминална приватизација во свое време.

Тој вечерва гостуваше во „Топ тема“ на Телма телевизија, каде избегнувајќи одговорност, даде апсурдна изјава.

-Зошто ме викнавте во емисија? Викнете ме во посебна емисија каде ќе разговараме за транзиција, приватизација, стечаи и сето тоа.... Се соочувам со обвинувања дека се затвориле фабриките, дека се избркани луѓето на улица. Каде да дојдам на ред да кажам дека законот за приватизација е изготвен од Никола Кљусев? Каде да дојдам на ред да кажам дека покрај таа агресивна кампања дека најкриминалните приватизации беа направени во периодот 1998-ма до 2002-ра година, рече Црвенковски.

Сепак, македонските граѓани многу добро ги помнат овие периоди од 90-тите години. Додека СДСМ беше на власт се затворија фабриките „11 Октомври“, „Славија“, „Железара“, „Центро“ и огромен број други. Поради тоа илјадници граѓани останаа без работа и исто толку семејства без егзистенција.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега