Ако патувате за Охрид задолжително прочитајте: Попладне прекин на собраќајот кај Кичево

На патот Кичево-село Извор за попладне од 15 до 16 часот се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

 

ulica pat

 

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ  Битола.

АМСМ информира дека сообраќајот се одвива отежнато на патот Прилеп – Витолиште поради свлечиште и Прилеп – Македонски Брод поради слегнување на асфалтот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега