Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше тематска трибина на тема – Алергии – деца и возрасни

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ како општествено одговорна женска политичка организација организираше тематска трибина на тема Алергии- деца и возрасни.

 

Модератор на трибината беше др.спец. Татјана Баевска Вучковиќ- педијатар, а предавачи - Проф.др.Дејан Докиќ- пулмоалерголог, Др.спец. Оливер Зафировски- педијатар и др.спец. Марина Домазетовска.

 

Пред присутните во преполна сала беа презентирани содржини кои посебно се актуелно во овој дел од годината кога алергиите се присутни посебно доминатна респираторната симтоматологија. Осврт на значењето за навремено дијагностицирање, соодветен континуиран третман и акцент на можните превентивни мерки кои можат да допринесат за квалитете на секодневието кај поединецот со дијагностицирана алергија. Улогата на правилна исхрана, физичка активност, редовна имунизација, важни за правилен раст и развој на децата во формирање на здрави индивидуи.

 

Салата во Домот на АРМ беше претесна да ги собере присутните членки и симпатизери на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега