Трипуновски: Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски

Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski, напиша во својата ФБ објава Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија, истакна Трипуновски.

„Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот.

Македонија се става на брза трака за напредок и развој.

Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство.

Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени.

Знаеме како треба!

За Македонија се работи!“, напиша Трипуновски.

 
17.06.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега