Гутереш: Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата

Во видео обраќање на Конференцијата за мир и одржлив развој во Атина, генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации,
Антонио Гутереш посочи дека пред шест години народите на Грција и Северна Македонија, предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, се обединија за да помогнат во отстранувањето на долгогодишната пречка кон иднина на мир и стабилен развој, по што се дојде до постигнување на Договорот од Преспа.

„Преспанскиот договор е сведоштво за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Сакам да го признам посветеното посредување на мојот личен пратеник во тоа време, Метју Нимиц. Договорот не само што го реши спорот за името, туку и ги отвори можностите за нови прилики за раст, контролирана размена и регионални партнерства. Додека го одбележуваме овој значаен настан, мора да најдеме начини повторно да се посветиме на принципите што доведоа до ова витално постигнување. Тоа ќе го направиме со градење на околина на доверба и меѓусебно разбирање, со промовирање на прекугранична соработка за стабилни инвестиции, социјална инклузија и заштита на животната средина“ порача Гутереш.

17.06.2024 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега