Муцунски на средба со Тигањ: Фокус на унапредување на соработката и забрзана евроинтеграција

 

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски попладнево оствари средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата фокусот беше ставен на потенцијалите за унапредување на политичката и економската соработка, ги потврдивме традиционално силните и пријателски односи помеѓу двете земји, како и одличната соработка во рамките на регионалните и мултилатералните организации, истакна Муцунски.

„Упатив благодарност за искрената и силна поддршка за нашиот пат кон Европската унија и се согласивме дека проширувањето, кое треба да се случи што е можно поскоро, ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за самите земји-членки и за Европската унија“, посочи Муцунски.
21.07.2025 - 21:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега