Невладините организации бараат воведување сексуално образование во училиштата
Невладините организации и здруженија во Македонија бараат во училиштата да се воведе сексуално образоание.
„Бараме воведување на сексуално образование според принципите на Рамката за сеопфатно сексуално образование како: сеопфатност, докажани научни сознанија, слободен избор, недискриминација врз родова, етничка или основа на сексуална ориентација, промовирање на родовата еднаквост и земање предвид на развојните капацитети, учеството, потребите и заштитата на децата“, стои во декларацијата потпишана од 48 невладини организации и здруженија . За оставрување на таа цел тие препорачуваат два чекори.
Прво, Министерството за образование до крајот на 2013 година заедно со стручната јавност, граѓанските здруженија, како и учениците, наставниците и родителите да изработи национален акционен план за системско воведување на сеопфатно сексуално образование, во согласност на препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование, на сите нивоа на образовниот систем и второ, на краткорочен план, Бирото за развој на образованието до крајот на 2013 година да обезбеди обука и да го усвои подготвениот Прирачник за наставниот кадар (одговорен за предметот образование за животни вештини) на теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и да ја осигури примената на овој предмет во сите основни и средни училишта во Македонија.
ФОТО: Много