Хорор за гостиварчанка: Газдата ја малтретирал со часови
39-годишен гостиварец и приредил хорор на својата вработена. Се работи за Е.Ј. кој на 15 минатиот месец, во времето од 21 часот до еден по полноќ на улицата „Димитар Влахов“ во мини маркетот „Арди“ ја држел заклучена вработената заканувајќи и се дека има видео снимки од камерите во маркетот дека истата подолг временски период вршела кражби.
Според податоците од полицијата, насилникот најпрво и барал да му даде 50.000 евра, потоа 25.000 евра и на крај и рекол да му плати 15.000 евра под услов 10.000 евра да му ги даде веднаш, а останатите 5.000 евра да му ги даде наредните денови, а откако се сложила дека ќе му ги даде бараните парични средства истиот ја пуштил.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа