Што направи Теодора откако со сатар си ги уби мајката и бабата?
Ме разбуди викање и гласот на Теодора. Кога се свртев ја видов Теодора целата во крв и помислив дека си ги пресекла вените бидејќи веќе два пати имаше обид за самоубиство. Ова го вели сопругот на Теодора која во Србија си ги уби мајката и бабата со сатар.
- Теодора беше прекрасна мајка и жена. Имаше проблеми со својата мајка и неможеше да се помири со тоа. Мајка и постојано ја понижуваше бидејќи не беше успешна, не можеше да живее со тоа. Постојано ја нарекуваше наркоманка и алкохоличар, вели тој за српскиот Курир и додава дека откако ги убила дошла и му кажала дека нема повеќе кој да ја понижува.
Со својата баба немала проблеми, но често и велеше дека ќе ја избрка од дома бидејќи и беше важно што ќе кажат соседите.
- Покренав постапка за одземање на детето, вели то,ј но сака да остане со неа за да не се распадне семејството
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа