Сараевскиот аеродром евакуиран поради дојава за бомба

На меѓународниот аеродром Сараево синоќа во 22.45 е извршен контрадиверзиски преглед на патниците и багажот поради анонимна дојава за бомба во авионот. Утврдено е дека дојавата била лажна.

Прегледан е авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој дошол од Истанбул.

Авионот се наоѓаше на пистата, а околу него имаше голем број полициски автомобили и патници, јавува сараевскиот портал Кликс. Авионите кои слетуваа додека траеше прегледот беа запирани на другата страна на пистата, на голема оддалеченост од овој авион.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега