Срби си фалсификувале пари во Виена
Полицијата во Виена, во соработка со Европол, разби група фалсификатори по потекло од земјите на поранешна Југославија, кои печателе лажни пари за купување на недвижности.
Се работи за „српска банда“ која печатела лажни динари за купување големи недвижности во Србија, но исто така „произведувала“ и пасоши и лични карти.
За време на претресот на 12 стана во Виена полицијата успеала да заплени вистинска печатница на пари.