Исплатени 94 милиони денари за поледелство

На сметките на 7.181 земјоделец денеска се исплатени 94.000.000 денари субвенции како финансиска поддршка за посеани површини со поледелски култури, соопштија од Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина поледелски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја покачи на 12.000 денари по хектар.

Владата на РМ ке продолжи и во иднина да го поддржува поледелството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега