Берлин поделен во однос на грчкото барање

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел денеска излезе со помеки тонови кон грчкото барање за шестмесечно одлагање на обврските кон кредиторите. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за разлика од Министерството за финансии кое што предлогот го отфрли како „несуштински“, Габриел, кој е лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), смета дека понудата на грчката Влада да преговара за продолжување на реформската програма е прв чекор кон изнаоѓање решение за проблемот со Атина. 

Ваквата изјава на Габриел во дел од европската јавност се толкува како спротивставување на ставот на коалицискиот партнер, Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и причина за можна криза во германската Влада.

Според Габриел, Германија и ЕУ треба да го искористат новиот однос на грачката Владата како почетна позиција, а не однапред да се одбиваат предлозите.

- Пред да се отфрли целосно предлогот на Атина. еврогрупата и Европската комисија треба да влезат во сериозни преговори со Грција, изјави Габриел, додавајќи дека е прерано да се каже какви се шансите да се постигне договор со Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега