Ѕвездите му се насмејаа на велешанец - си освои 30.000 денари

Ѕвездите се смешкаат, носат среќа и забавуваат многу љубители на астрологијата и Екпрес лотаријата. Овојпат среќно изненаден е астролошки припадник на знакот Стрелец.

  Во месец февруари, Експрес лозот Хороскоп ја донесе најновата добивка. Горан Петров од Велес освои 30 илјади денари.

 Тој купил само еден Експрес лоза. Иако според хороскопот е Стрелец, одлучил да ја проба  среќата со Експрес лозот во знакот Јарец. Не погрешил. Ова е негова прва добивка на која особено  се  радува.

 Само за потсетување најновиот Експрес лоз на Државна лотарија на Македонија, под името ХОРОСКОП беше пуштен во продажба на 5 јуни 2014.

 

Под мотото Отвори и види што носи твојот хороскопски знак денес, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата. Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20  до 30.000 денари, со влог од 20 денари.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега