Шпагети во розев сос

 

Потребни состојки:

500гр шпагети
½ литар неутрална павлака (хопла)
доматно пире
1 главица кромид
150 грама сланина
зачини

Подготовка

Шпагетите ги ставате во зовриена вода. Во моментот кога водата зоврива, пред да ги ставите шпагетите ставете 3-4 супени лажици масло за јадење (може и маслиново) и три кафени лажички вегета. (можете да ставите и една коцка за супа наместо вегета)
Шпагетите ги варите во зависност од дебелината. На секоја кеса шпагети пишува колку време треба да се варат. За алденте вкус, препорачуваме да ги тргнете од огнот две минути пред препорачаното време. Во текот на варењето промешувајте со дрвена лажица.

Сос:

Мајсторијата готвачот ја покажува преку својот сос кога се подготвува паста.
Во вок тава, ставете многу малку масилново масло. Претходно исецканиот кромид (на најстини парчиња кои можете да ги исецкате) го ставате на загреаното маслиново масло и пропржувате колку да добие боја. Веднаш ја ставате ситно исецканата сланина (препорачуваме да ги извадите тврдите делови од сланината пред да ја сецкате). Заедно ги пропржувате додека да добијат убава боја, но внимавајте да не изгорат. Ја ставате неутралната павлака и постојано мешате. Огнот намалете го на средно ниво за да не ви прска на сите страни. Додавате бибер и вегета по вкус. Кога павлаката ќе добие средна густина, додавате од доматното пире. Почнете со 2 супени лажици. Добро измешајте за да добиете розева боја на сосот. Пробувајте го сосот во текот на мешањето. Вкусот на доматот не треба да доминира туку да се вклопува во вкусот на павлаката. Доколку мислите дека вкусот на доматот воопшто не се чувствува, додадете уште една лажица доматно пире. Мешајте добро. Кога смесата ќе се изедначи и ќе добие розева боја, претходно исцедените шпагети ги ставате во тавата со сосот и продолжувате да мешате, без да ја тргнете тавата од огнот. Секоја шпагета треба да стане розева. По желба можете да додадете босилек.

Послужете во комбинација со рендан пармезан. Доколку сакате можете да декорирате со печурки на скара (шампињони, вргањ). Можете да одберете вино по избор.

Уживајте.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега