Ммм...Чоколадни мафини
Наш денешен предлог за десерт се вкусните чоколадни мафини со кои ќе го развеселите вашето семејство. Еве што ви е потребно за овој вкусен десерт:
Состојки:
250 г темно чоколадо
250 г путер
300 г шеќер
130 г брашно
6 јајца
1 ванилин шеќер
Подготовка:
1. Путерот оставете го да омекне на собна температура, а потоа изматете го со шеќерот.
2. Јајцата додавајте ги едно по едно, а потоа измешајте го и брашното.
3. Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во смесата.
4. Ставете ја густата смеса во калапи за мафини и печете 10 минути на 200 степени.
Извор: Убавина и здравје
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа